Synopsis
Listen to interviews, features and community stories from the SBS Radio Macedonian program, including news from Australia and around the world. - , , .
Episodes
-
Преспа пее заедно на грчко-македонската граница
17/09/2026 Duration: 22minПод мотото „Пеењето на славејот“, меѓународниот фестивал за современа уметност и култура ќе ја обедини Преспа преку уметност без граници - вели Пеце Трајковски во интервјуто за СБС на македонски.
-
Преспански мост: Спојување на културата и уметноста
17/09/2026 Duration: 14minАтинската архитектка и визуелна уметничка, Димитра Марини ја претставува мисијата на културниот настан на кој 75 уметници од осум земји ќе се сретнат во Лемос и ќе ја претворат Преспа во живо платно на културна размена и заедништво.
-
Програмата на СБС на македонски 17 септември 2026
17/09/2026 Duration: 11minПрограмата на СБС на македонски 17 септември 2026
-
Извештај од Македонија 17 септември 2026
17/09/2026 Duration: 08minИзвештај од Македонија 17 септември 2026
-
Вести на СБС на македонски 17 септември 2026
17/09/2026 Duration: 11minВести на СБС на македонски 17 септември 2026
-
Половина век македонски јазик, традиција и генерации – 50 години „11 Октомври“ во Сиднеј
16/09/2026 Duration: 13minПо повод 50-годишниот јубилеј на македонското етничко училиште „11 Октомври“ во Јагуна, Сиднеј, во овој прилог ви пренесуваме дел од празничната атмосфера и моментите од одбележувањето на пет децении посветеност на македонскиот јазик, култура и традиција.
-
Уметници од осум земји со поезија и музика се среќаваат на македонско-грчката граница
16/09/2026 Duration: 05min„The Singing of the Nightingale – Night on the Border“ – фестивал на современа уметност и култура, со повеќе од 75 уметници и културни творци од осум земји, ќе се одржи од 18 до 20 септември во Преспа, на македонско-грчката граница. Преку уметност, музика и поезија, фестивалот ќе ја претвори границата во простор за средба, поврзување и културна размена.
-
Регионалните заедници и мигрантите во Австралија се изложени на поголем ризик од давење.
16/09/2026 Duration: 09minОрганизациите Royal Life Saving Australia и Surf Life Saving Australia го објавија својот национален извештај за случаите на давење, кој открива дека во изминатите 12 месеци во австралиските води животот го загубиле 313 лица. Овие бројки поттикнаа повици за решавање на растечките нееднаквости, додека стапките на давење се значително повисоки во регионалните и оддалечените области отколку во големите градови.
-
Извештај од Македонија 16 септември 2026
16/09/2026 Duration: 08minИзвештај од Македонија 16 септември 2026
-
Како собирањето средства може да ги помести границите на медицинските истражувања
16/09/2026 Duration: 06minПовеќе од 30 институти за медицински истражувања ги здружија силите за првиот 'Ден за Донации за Медицински Истражувања' во Австралија, po предупредувањата за финансиската одржливост на секторот. Истражувачите велат дека недостигот на средства би можел да го забави процесот на пронаоѓање нови третмани, овозможување рана дијагноза и обезбедување подобра грижа за пациентите и нивните семејства низ цела Австралија.
-
По девет години без дом - Дали бегалците Рохинџи се подготвени да се вратат во Мјанмар?
16/09/2026 Duration: 10minНово истражување ја одреди паричната вредност на придобивките од обезбедување поддршка за населување на мигранти кои доаѓаат по хуманитарен основ. Извештајот на Deloitte Access Economics покажа дека навременото обезбедување поддршка е клучно за подобрување на економските резултати, како и на образованието, вештините и благосостојбата.
-
Ако украдеш слика од Реноар вредна милиони... што можеш да правиш со неа?
16/09/2026 Duration: 07minПред изгрејсонце на Француската ривиера, во еден тивок музеј сместен на рид – некогашниот дом на Пјер Огaст Реноар – крадци се провлекоа низ ограда во градината за да се најдат на насловните страници. Имале намера да однесат 12 слики од Реноар, но успеале да земат четири. А додека полицијата пристигнувала, испуштиле две од нив додека панично бегале. Сега светот на уметноста повторно се прашува: Кој краде ремек-дела што никогаш не може да ги продаде?
-
Под закана: Зголемувањето на нивото на морето би можело да загрози стотици илјади имоти
16/09/2026 Duration: 12minНов извештај на Climate Council (советот за клима) предвидува дека порастот на нивото на морето ќе загрози над 267.000 имоти во Австралија во текот на следниот век. Се очекува порастот на нивото на морето да влијае врз сите сојузни држави и врз Северната Територија, при што истражувачите посочуваат дека крајбрежјето на Квинсленд е изложено на посебен ризик.
-
Вести на СБС на македонски 16 септември 2026
16/09/2026 Duration: 12minВести на СБС на македонски 16 септември 2026
-
What are Indigenous Protected Areas in Australia? - Што се заштитени подрачја на домородното население во Австралија?
15/09/2026 Duration: 10minNational parks, nature reserves, marine sanctuaries and Indigenous Protected Areas protect different environments and operate under different rules. What makes an Indigenous Protected Area different, and how can you find out whether you are welcome to visit? - Националните паркови, природните резервати, морските заштитени подрачја и заштитените подрачја на домородното население штитат различни животни средини и функционираат според различни правила. Што го прави заштитеното подрачје на домородното население различно и како можете да дознаете дали сте добредојдени да го посетите?
-
Програмата на СБС на македонски емитувана на 15 септември 2026
15/09/2026 Duration: 50minПрограмата на СБС на македонски емитувана на 15 септември 2026
-
Извештај од Македонија 15 септември 2026
15/09/2026 Duration: 08minИзвештај од Македонија 15 септември 2026
-
Вести на СБС на македонски 15 сепември 2026
15/09/2026 Duration: 13minВести на СБС на македонски 15 септември 2026
-
Со љубов кон македонскиот јазик – двајца учители една мисија
14/09/2026 Duration: 14minПоловина век по основањето на македонското етничко училиште „11 Октомври“ во Јагуна, двајца наставници за СБС на македонски зборуваат за својата поврзаност со училиштето и за неговото значење за македонската заедница.
-
Половина век "11 Октомври" - Емотивни сеќавања на долгогодишен училишен волонтер
14/09/2026 Duration: 13minЗа 50-годишното постоење на македонското етничко училиште „11 Октомври“ во сиднејската населба Јагуна, покрај наставниците, учениците и родителите, заслуга за успешната приказна имаат и бројни волонери кои со своето време, труд и љубов придонеле училиштето да опстои и да продолжи да го негува македонскиот јазик и култура. Меѓу нив и нашиот соговорник Јордан Блажевски.